сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти му испрати порака на Роналдо по победата на Аргентина на СП во Катар, на Португалецот ова нема да му се допадне

Анчелоти му испрати порака на Роналдо по победата на Аргентина на СП во Катар, на Португалецот ова нема да му се допадне

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека Кристијано Роналдо има извонредна кариера и покрај тоа што нема триумф на Светско првенство, исто така верува дека Саудиска Арабија не е дестинација која ќе му одговара на напаѓачот.

Лео Меси и Кристијано Роналдо се двајцата најдобри фудбалери на денешницата, има огромни дебати кој е подобар, а оние кои се на страната на Аргентинецот, сега имаат причина плус за својата теза откако Аргентина синоќа триумфираше на мундијалот во Катар.

„Дуелот помеѓу Роналдо и Меси на двајцата им даде дополнителна мотивација, се натпреваруваа на високо ниво, играа навистина добро и постигнуваа многу погодоци“ – вели Карло Анечелоти.

„Меси сега триумфираше на Светското првенство, Роналдо го нема овој трофеј, но има неверојатна кариера, особено во Реал Мадрид“.

„Не знам каква ќе биде неговата иднина, но мислам дека сака да продолжи да игра на највиско ниво. Затоа мислам дека Саудиска Арабија не е дестинација која ќе му одговара“.