Раководството на кошаркарската Евролига ги соопшти домаќините на Ф4-турнирите кои ќе се играат во 2023 година, како и една година подоцна.
Завршниот турнир следната година ќе се одржи во Каунас, Литванија, додека една година подоцна домаќин на најдобрите четири екипи во Евролигата ќе биде Келн, Германија.
Актуелен освојувач на Евролигата е Анадолу Ефес кој годинава триумфираше на турнирот во Белград.