вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Не избрав да играм за Мароко за пари, туку од срце“: Фудбалер ги донира сите пари од СП за сиромашни лица

„Не избрав да играм за Мароко за пари, туку од срце“: Фудбалер ги донира сите пари од СП за сиромашни лица

Хаким Зијеш освојува симпатии низ светот со своите хумани гестови.

29-годишниот фудбалер, кој го носи фудбалскиот дрес на Мароко, одбива да зема пари кога игра за националниот тим и сите заработени средства ги донира за персоналот на тимот и за сиромашни лица во Мароко. Хуманиот спортист ова го прави уште од 2015 година, а истото го направи и со премиите од Светското првенство во Катар.

Новинарот Калед Бејдун постојано пишува за неговата дарежливост и пренесува една од неговите изјави:

„Се разбира дека ќе ја донирам заработката од СП за сиромашни лица кои најмногу имаат потреба од тоа. Не избрав да играм за Мароко за пари, го направив тој избор од срце“ – рекол Хаким.

Мароко придоби многу обожаватели низ светот со својата игра и страст кон фудбалот. Тие завршија како четвртопласирани на СП.