четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Зинедин Зидан е главен кандидат за нов селектор на Бразил

Зинедин Зидан е главен кандидат за нов селектор на Бразил

Францускиот фудбалски стратег Зинедин Зидан нема никаков тренерски ангажман од 2021 година откако се повлече од кормилото на шпанскиот великан Реал Мадрид, но набрзо тоа може да се промени и тоа со работа како селектор.

Популарниот Зизу подолго време го поврзуваат со селекторската функција во француската репрезентација, меѓутоа тоа место никако да се ослободи затоа што Дидие Дешам одлично си ја врши својата задача, па како што стојат работите ќе го води националниот тим и во наредниот период ако нешто драстичено не се промени.

Имено „Л’Екип“ пренесува дека Зинедин е главен кандидат за наследник на Тите, стратег кој ги исполнува сите услови на федерацијата за ова жешко столче.

Зидан е големо име, човек со успеси како играч и тренер, а може да ги презема Бразилците без никаков проблем, поточно за него не мора да се плати обештетување.