недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицаец им го прегледа возилото на две лица од Тетово: Поради тоа што го најде, тие добија кривични пријави

Полицаец им го прегледа возилото на две лица од Тетово: Поради тоа што го најде, тие добија кривични пријави

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А. и А.О., двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 06.12.2022 на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од првопријавениот, а совозач бил второпријавениот, при што кај двајцата биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.