СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Ѓ.(32) од село Пепелиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 21. 05. 2022 во Демир Капија, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.