сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Седум месеци со измама ја користел картичката на својот татко – детали за дрскоста на маж од Пробиштип

Седум месеци со измама ја користел картичката на својот татко – детали за дрскоста на маж од Пробиштип

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против И.Ј.(39) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

Во периодот од март до октомври 2022 година, пријавениот набавил банкарски податоци од дебитна платежна картичка на неговиот татко, по што преку интернет извршил 39 успешни трансакции кон повеќе домашни правни лица.

Со тоа го оштетил за износ од 74.465 денари.