Папата Франциск денеска изјави дека поранешниот папа Бенедикт е многу болен и ги повика верниците да се молат за него.
Франциск ја даде изненадувачката изјава на крајот од неговата општа аудиенција и не откри дополнителни детали за состојбата на Бенедикт.
Во 2013 година, Бенедикт стана првиот папа по околу 600 години кој абдицирал. Оттогаш живее во Ватикан.
– Би сакал да ве замолам сите вас да упатите посебна молитва за поранешниот папа Бенедикт, кој во тишина ја зајакнува Црквата. Да се потсетиме на него. Тој е многу болен, рече Франциск.
Засега нема официјален коментар на Ватикан за здравствената состојба на Бенедикт.