недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кварацкелија пак се повреди

Кварацкелија пак се повреди

Грузискиот интернационалец Kвича Кварацхелија го пропушти тренингот на Наполи, што му предизвикува дополнителни главоболки на тренерот Лучијано Спалет. Крилниот играчот стартуваше и одигра 76 минути, а потоа беше заменет од Елиф Елмас.

Кварацкелија доби неколку силни удари од противниците, а тоа става сомнеж дали ќе може да настапи на неделното гостување кај Сампдорија.

21-годишниот репрезентативец на Грузија постигна осум гола и реализира 10 асистенции на 18 натпревари за Наполи во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, но пропушти три последовни натпревари поради болки во грбот пред дуелот со Интер.