сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Рајковиќ испиша историја со ЦСКА Москва (ФОТО)

Рајковиќ испиша историја со ЦСКА Москва (ФОТО)

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ со ЦСКА Москва тргна со победа во 2023 година против Енисеј со 109-81, а тоа му помогна да испише историја.

Енисеј беше достоен противник само во првите 10 минути (22-22), по што кошаркарите на Рајковиќ ја преземаа контролата врз мечот.

Вер со 20 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, додека на спротивната страна Герасимов запиша 21 поен.

ЦСКА стигна до 19-та победа по ред во ВТБ-лигата и така испиша историја.