среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јокиќ ги учеше Американците како се честита Божиќ (ВИДЕО)

Јокиќ ги учеше Американците како се честита Божиќ (ВИДЕО)

Никола Јокиќ блесна против Кливленд кавалирс и со нов трипл-дабл му донесе победа на Денвер нагетс во НБА-лигата, по што даде изјава за медиумите и една новинарка ја подучи како се честита Божиќ во Србија.

Новинарката му го честиташе празникот на Јокиќ, по што српскиот кошаркар ѝ кажа како се честита во Србија.

„Ви благодарам. Мир Божји, Христос се роди, така велиме ние“, кажа Јокиќ.