сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Елмас: Ако треба ќе бидам и голман, само Наполи да победува

Елмас: Ако треба ќе бидам и голман, само Наполи да победува

Елиф Елмас има причина да биде горд на своето издание против Сампдорија, откако македонскиот репрезентативец одигра одличен меч што го круниса со гол од пенал, за печат на конечната победа од 0-2 на Наполи.

Тренерот Спалети повтоно го ротираше Македонецот, па така Елиф почна во средниот ред, а по излегувањето на Кварасхелија се пресели во напаѓачкото трио.