понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дончиќ: Не гледам НБА на ТВ, повеќе уживам во Евролигата

Дончиќ: Не гледам НБА на ТВ, повеќе уживам во Евролигата

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ одигра уште еден одличен меч во НБА-лигата и со 34 поени, 10 скокови и 10 асистенции му помогна на Далас маверикс да слави против Њу Орлеанс.

Новинарите ги интересираше дали Дончиќ ги гледа останатите конкуренти во НБА-лигата, по што Словенецот даде краток одговор.

„Не гледам НБА-натпревари на ТВ, освен ако некои не се многу добри. Повеќе уживам во Евролигата“, кажа Дончиќ.