четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца повредени во сообраќајка во тетовско, меѓу нив и дете

Тројца повредени во сообраќајка во тетовско, меѓу нив и дете

На 08.01.2023 во 14.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат с.Челопек-с.Стримница, пред влез за с.Стримница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.С.(55) од с.Челопек и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Н.И.(58) од с.Стримница, двете со тетовски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.И.(61) од с.Стримница, сопатничка од возилото кое го управувал Н.И., а со телесни повреди се здобиле возачот Н.И. и малолетен сопатник од возилото кое го управувал И.С., констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.