недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредена тинејџерка, избегал возачот кој ја удрил

Тешко повредена тинејџерка, избегал возачот кој ја удрил
илустрација

Денеска (10.01.2023) околу 01:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 18:50  часот на 09.01.2023 на крстосницата на улиците „29 Ноември“ и „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во 18-годишната Е.Н. од тетовско Слатино и го напуштило местото.

Во несреќата, Е.Н. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.