петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

НАЈНОВА ПРОГНОЗА: До сабота снег и на пониските места во Македонија

НАЈНОВА ПРОГНОЗА: До сабота снег и на пониските места во Македонија

До сабота ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските места, а на повисоките места и на планините од слаб снег.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на некои од повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Најнови вести