среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Јагуриновски: Ќе дадеме сè од себе, одиме да се надигруваме со сите ривали

Јагуриновски: Ќе дадеме сè од себе, одиме да се надигруваме со сите ривали

Може ли овој петок 13-ти да биде среќен за македонската ракометна репрезентација? Дуелот со Норвешка вечерва ќе го отвори нашиот осми Мундијал, а на хартија првиот дуел ни е со најсилната селекција во групата. Сепак, свежи се сеќавањата од ремито во „Таурон Арена“ пред седум години на шампионатот на Европа.

Пред соочувањето со Сагосен и другарите својот став за натпреварот го изнесе десниот бек Томислав Јагуриновски.

„Ќе дадеме сè од себе да го изненадиме денешниот противник. Норвежаните играат одличен ракомет, познати се по својата игра. Сметам дека можеме да одиграме добар натпревар и во некој сегмент да ги изненадиме. Ми се допаѓа овој систем, ми одговара побрзата игра. Јас мислам дека сме добри и ќе бидеме само уште подобри.

На подтотвителниот турнир во Хрватска игравме коректно во нападот, а мал проблем беше одбраната, на пониско ниво. Тоа мора да го поправиме. Нормално е кога играш брзо да примаш повеќе голови. Норвешка игра исто така брзо, знае што прави и не смее да се греши. Одиме на победа на секој натпревар, да се надигруваме со сите“, кажа Јагуриновски.

Пред натпреварот Македонија – Норвешка во нашата група Е уште ќе играат Аргентина и Холандија.