недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија има одличен скор во првите мечеви на Светските првенства

Македонија има одличен скор во првите мечеви на Светските првенства

Ракометната репрезентација на Македонија со мечот меѓу Норвешка вечерва ќе го стартува осмото Светско првенство кое се одржува во Шведска и Полска. Во групата која се игра во Краков, Македонија за прв противник ги има Норвежаните кои се број еден фаворити во нашиот сегмент.

Во историјата Македонија одлично ги отворала Мундијалите, а во премиерниот мечеви има скор од пет победи и два порази. Двата го победувавме Тунис (2015 и 2017). На нашето прво учество во 1999 година бевме подобри од Саудиска Арабија, а останатите две победи ни се против Чиле (2013) и Бахраин (2019). Двата порази ни се од Тунис (2009) како и катастрофата која ја имавме против Шведска на минатиот шампионат.

Натпреварот кој ќе се игра меѓу Македонија и Норвешка во полски Краков е закажан за 20.30 часот.