четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВАР ги спаси Бразилците од пораз против Португалија

ВАР ги спаси Бразилците од пораз против Португалија

Денеска стартуваа натпреварите од главата фаза на Светското првенство што се игра во Полска и Шведска, а на дерби пресметката во првиот термин помеѓу Португалија и Бразил, главната улога ја имаше ВАР технологијата.

Средбата заврши без победник 28:28, а голот за реми беше постигнат од седум метри во последната секунда и тоа благодарение на ВАР технологијата.

Имено, во последната минута од средбата, Кико Коста и донесе предност на Португалија од 28:27. Бразилците тргнаа во последниот напад, а судиите по прегледување со помош на ВАР на спорниот момент во последната секунда, оценија дека Боргес направил прекршок за пенал и му покажаа црвен картон. тоа го искористија Кариоките во последната секунда да се спасат од пенал.

Словенија со убедливи 38:21 го победи Иран чиј тренер е поранешниот стратег на Вардар, Веселин Вујовиќ.

Домен Макуц постигна шест, а Алекс Влах, Блаж Јанц и Нејц Цехте по пет гола за словенечката репрезентација, додека Иран со по четири гола го предводеа Мохамедреза Ораеи и Шабаб Садегзадех.