четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Никола Јокиќ продолжува да ја испишува кошаркарската историја

Никола Јокиќ продолжува да ја испишува кошаркарската историја

Центарот на Денвер нагетс и српски репрезентативец Никола Јокиќ повторно го воодушеви светот со својата игра во дресот на Денвер Нагетс и во победата на неговиот тим од 122:118 над Минесота, испиша историја.

Јокиќ средбата ја заврши со нов, 14-ти сезонава трипл-дабл од 31 поен, 11 скока и 13 асистенции, и притоа стана најдобар асистент во историјата на Денвер.

Тој сега има 3.680 асистенции во дресот на Денвер и ја надмина клупската легенда Алекс Инглиш. Јокиќ стана првиот центар во историјата на НБА лигата кој го предводи својот тим на вечната листа на најдобри асистенти.

НБА Резултати: Далас – Атланта 122:130, Њујорк – Вашингтон 105:116, Хјустон – Шарлот 117:122, Мемфис – Кливленд 115:114, Њу Орлеанс – Мајами 98:124, Оклахома сити – Индијана 126:106, Јута – ЛА Клиперс 126:103, Денвер – Минесота 122:118, ЛА Лејкерс – Сакраменто 111:116.