четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Џанлука Фереро нов претседател на Јувентус

Џанлука Фереро нов претседател на Јувентус

Фудбалскиот клуб Јувентус конечно доби нов претседател. Со трофејниот италијански клуб ќе раководи сметководителот Џанлука Фереро.

Новиот прв човек на „старата дама“ го замени Андреа Ањели, кој поднесе оставка на крајот на ноември под притисок на судската истрага за можна сметководствена измама.

Фереро (60) беше единствениот кандидат избран од „Ексор“, холдингот на семејството Ањели кој го контролира најуспешниот италијански клуб (36 лигашки титули). На крајот на ноември оставки, покрај Ањели, поднесоа и потпретседателот Павел Недвед, како и целиот одбор на директори.