недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

На Јувентус му одземаа 15 бодови, пласман во ЛШ станува невозможна мисија

На Јувентус му одземаа 15 бодови, пласман во ЛШ станува невозможна мисија

Федералниот апелационен суд го прифати барањето на обвинителот при Фудбалската федерација на Италија и го казни Јувентус со одземање на 15 бодови оваа сезона.

Обвинителот Џузепе Чине побара од Федералниот апелационен суд повторно да го отвори случајот со Јувентус и да ги казни со одземање на девет бодови поради финансиските малверзации кои клубот ги правел во ковид пандемијата со тајни исплаќања кон дел од фудбалерите.

Федералниот апелационен суд не само што го прифати барањето на обвинителот, туку тие му доделија и поголема казна, -15 бодови оваа сезона.

Јувентус во наредните денови ќе има можност да поднесе жалба на оваа одлука на судот за спорт.

Доколку остане актуелната казна, мисијата да заврши во топ четири оваа сезона за Јувентус ќе стане невозможна.