Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска на снимањето на „Ѕвездите на гранд“ се појави во елегантна комбинација и закопчана до грло.
Сепак, пејачката носеше крем фустан со длабок шлиц кој и правеше проблеми особено кога излегуваше од автомобилот пред папараците.
Таа на себе имаше и кафена бунда искомбинирана со кафеави чизми.
Секако најголемото внимание го привлече чантата која ја држеше во нејзината рака, а истата е од брендот „Шанел“ и чини 3970 евра.
Цеца носеше и очила за сонце со што беше скоцкана од глава до пети.