четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дончиќ погоди од зад табла, Порзингис се чудеше од трибините (ВИДЕО)

Дончиќ погоди од зад табла, Порзингис се чудеше од трибините (ВИДЕО)

Лука Дончиќ не можеше сам да донесе победа за својот Далас, кој ја збогати непријатната серија на резулати и претрпе пораз на домашен терен од Вашингтон.

Во еден неизвесен и тесен меч, на крајот како недоволни се покажаа 41 поен на Дончиќ, бидејќи „волшебниците“ остварија победа од 126:127 и си заминаа со победа од „Американ Ерлајн центарот“.

Од прикажаното, фановите на Далас можат да бидат задоволни само од индивидуалното издание на Лука, кој и овојпат покажа дека игра со огромна самодоверба.

Уште во првата четвртина, Дончиќ успеа да постигне неверојатни поени со шут од зад табла, потег на кој не остана рамнодушен ниту неговиот поранешен соиграч.

Кристапс Порзингис сега е член на Вашингтон и беше недостапен за овој меч поради повреда, но затоа беше на трибината и во живо го следеше целиот расплет на мечот.