среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Гостивар го победи МЗТ Скопје Аеродром

Гостивар го победи МЗТ Скопје Аеродром

Гостивар стави крај на серијата од десет победи во низа на МЗТ Скопје на домашната сцена откако во 13. коло славеше во „Младост“ со 88-69.

Гостиварци се единствените во мак-баскетот кои успеаја да го совладаат актуелниот шампион оваа сезона и тоа во двата одиграни меча, а до успехот стигнаа со одлично второ полувреме во кое го лимитираа АБА-лигашот на само 29 постигнати поени.

Најефикасен со 25 поени и седум скока во редовите на Гостивар беше Пипкинс, следуваше Корсантиа со дабл-дабл од 21 поен и 13 скока. МЗТ со 16 поени и девет скока го предводеше Бурсаќ, 12 поени додаде Дамјан Стојановски.