среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкриниар се договори со новиот клуб

Шкриниар се договори со новиот клуб

Италијанскиот фудбалски клуб Интер дефинитивно ќе остане без услугите на еден од своите најдобри играчи, дефанзивецот Милан Шкриниар.

Шкриниар одби да ја продолжи соработката со калчолигашот и според најновите вести веќе го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариера.

Секогаш добро информираниот италијански новинар, Фабрицио Романо известува дека Словакот веќе потпишал за Пари Сен Жермен, односно „светците“ излегле како победини од трката со англиските клубови. Тој како слободен играч треба да заврши во Париз од наредната сезона, ама според Романо постои простор дефанзивецот и многу побрзо да слета на „Паркот на Принцовите“, ама тоа зависи од Интер.