понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Шабас Нејпир потпиша за Милано

Шабас Нејпир потпиша за Милано

Поранешниот НБА играч, Шабас Нејпир ќе игра во Евролигата. Нејпир потпиша договор до крајот на сезоната со Олимпија Милано. Најпир, кој е двоен НЦАА шампион со универзитетот Конектикат, изминатите две недели се поврзуваше со Панатинаикос. Откако тој трансфер не го реализира, тој потпиша за тимот кој го предводи Еторе Месина.

Во НБА играше во Мајами Хит, Орландо Меџик, Портланд Трејл Блејзерс, Бруклин Нетс, Минесота Тимбервулвс и Вашингтон Визардс, а во Европа имаше договор со Зенит.

Пред да дојде во Олимпија играше во Џи лигата за Сиудад де Мексико. Во Евролигата би требало да дебитира против Црвена звезда на 3.февруари.