недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Сите сме отпуштени, освен Гвардиола – но и тој ќе добие отказ

Анчелоти: Сите сме отпуштени, освен Гвардиола – но и тој ќе добие отказ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на прес-конференцијата да даде свое мислење за отказот на Џенаро Гатузо, кој ги напушти „лилјаците“ по само осум месеци соработка.

Легендарниот стратег ја искористи приликата да се пошегува на сметка на Пеп Гвардиола.

„Тоа е реалноста за тренерите. Сите сме отпуштени, освен Гвардиола, но и Пеп ако продолжи да работи вака и тој ќе добие отказ еден ден. Тоа ми се случило и мене во кариерата, но сепак уште сум тука“, изјави тој.

Од друга страна, Гвардиола претходно изјави дека ќе ги напушти „граѓаните“ кога ќе почувствува дека повеќе нема да има контрола над тимот.

„Претседателот знае, сака да бидам тука, но ако го „загубам“ тимот, ќе си заминам. Жал ни е за оние кои не нè сакаат, но ќе влеземе во историјата со она што го постигнуваме во Премиер лигата“, коментираше Пеп.