понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Незапирливиот Јокиќ оствари нов трипл-дабл, трет во низа

Незапирливиот Јокиќ оствари нов трипл-дабл, трет во низа

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ оствари нов трипл-дабл учинок во НБА лигата во победата на Денвер Нагетс против Атланта Хокс со 128:108.

Ова беше деветти трипл-дабл учинок за центарот на Србија на последните 11 натпревари, трет по ред, што само уште еднаш покажува дека е најдобар играч во НБА сезонава и дека е едноставно незапирлив за сите противничките тимови.

Натпреварот одигран ноќеска против Атланта на домашен терен го заврши со 14 поени, што е малку поскромно од она што сме навикнати од него, но имаше 18 скока и 10 асистенции. Најефикасен во својот тим беше Мареј, кој постигна 41 поен.

Резултати:

Бруклин Нетс – Вашингтон Визардс 125:123
Њу Орлеанс Пеликанс – Лос Анџелес Лејкерс 131:126
Детроит Пистонс – Феникс Санс 100:116
Њујорк Никс – Лос Анџелес Клиперс 128:134 прод.
Чикаго Булс – Портланд Треил Блејзерс 129:121
Милвоки Бакс – Мајами Хит 123:115
Оклахома Сити Тнадер – Хјустон Рокитс 153:121
Голден Стејт Вориорс – Далас Маверикс 119:113