вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пожарникари изгаснаа пожари кај Тиквешко Езеро и на патот Штип-Кочани

Пожарникари изгаснаа пожари кај Тиквешко Езеро и на патот Штип-Кочани

На 04.02.2023 во СВР Штип било пријавено дека околу 23.30 часот во Индустриска зона на магистралниот пат Штип-Кочани настанал пожар на работна машина на фирма од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.

На 05.02.2023 околу 05.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во објект во близина на Тиквешко Езеро.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кавадарци пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.