понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Поранешен адвокат на Сити : Ако се докажат тврдењата, Сити ќе биде исфрлен од Премиер лигата

Поранешен адвокат на Сити : Ако се докажат тврдењата, Сити ќе биде исфрлен од Премиер лигата

Манчестер Сити се соочува со драстична казна од Премиер лигата, откако четиригодишната истрага откри повеќе од сто случаи на прекршување на финансискиот фер-плеј на лигата. Англиските медиуми тврдат дека ова е случај без преседан, а на Сити му се заканува одземање бодови, па дури и во најлош можен исход исфрлање од лигата.

Сити е обвинет дека ги прекршил правилата од 2009 до 2018 година, период двојно подолг од оној за кој УЕФА првично го казни со 30 милиони евра и му забрани да игра во Европа на две години. Спортскиот суд во Лозана потоа ја укина таа пресуда, па Сити беше казнет само десет милиони евра.

Ова е многу потежок случај кој може да има многу сериозни последици за Сити, а ова е ставот што го дели и поранешниот член на адвокатскиот тим на Сити, Стефан Борнсон. Тој во серија твитови објасни дека казната овој пат може да биде исклучително висока.

„Обвинувањата од Премиер лигата против клубот мора, доколку се докажат, да резултираат со исфрлање од лигата. Сити за ова ќе ангажира веројатно 50 адвокати, но и Премиер лигата. Сити нема предност во однос на лигата во овој случај. “ напиша Борнсон и додаде:

„Случај како овој е преголем за сегашниот правен тим на Премиер лигата и нема шанси целиот процес брзо да заврши. Замислувам дека ќе поминат години и години пред да се донесе конечна одлука за овој случај, но очекувам тешка казна“.