петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус нема да ги продолжи договорите со неколку фудбалери за да заштеди 70 милиони евра

Јувентус нема да ги продолжи договорите со неколку фудбалери за да заштеди 70 милиони евра

Јувентус има намера да се раздели со пет играчи на лето за да ги намали трошоците. Голема е веројатноста по одземањето на 15 бода, Јувентус следната сезона да не влезе во Лигата на шампионите.

Поради загубата на приходите, клубот ќе мора да ги намали трошоците за играчите.

Според „Газета дело спорт“, италијанскиот клуб нема да ги обнови договорите со Адриен Рабио, Алекс Сандро, Хуан Квадрадо, Леандро Паредес и Анхел Ди Марија. Поради ова Јувентус ќе заштеди околу 70 милиони евра плати.

Договорите на сите горенаведени играчи со Јувентус се со важност до летото 2023 година. (МИА)