петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Белгија доби нов селектор

Белгија доби нов селектор

Доменико Тедеско ќе го замени Роберто Мартинез на селекторската функција во белгиската репрезентација. Договорот е потпишан до крајот на Европското првенство во Германија во 2024 година.

„За мене е голема чест што станав селектор на Белгија. Со нетрпение ја очекувам задачата и исклучително сум мотивиран. Имам многу добро чувство од првиот разговор“, изјави 37-годишниот стратег.

Квалификациите за Европското, Белгија ги започнува на 24 март со натпреварот против Шведска во Стокхолм.