сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

59 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, приведен малолетник

59 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, приведен малолетник

Денеска  во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата приведен е малолетник од Скопје, поради сторено прекршување на чл.80 од Законот за оружје. Констатирани се 59 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед упатени се 12 возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.