вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија доби тешка група за кадетското ЕП во Скопје

Македонија доби тешка група за кадетското ЕП во Скопје

Кошаркарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство во кадетска категорија од А-дивизијата во месец август.

Во пресрет на турнирот, ФИБА ги извлече групите за натпреварувањето. Македонија немаше среќа во извлекувањето, бидејќи налета на актуелниот европски првак Литванија,Франција и Белгија.

  • Групи за Европското првенство до 16 години:

Група А: Словенија, Италија, Турција Црна Гора
Група Б: Франција, Литванија, Македонија, Белгија
Група Ц: Шпанија, Израел ,Германија Финска
Група Д: Србија, Грција, Летонија Полска

Натпреварите ќе се играат во Скопје во терминот од петти до 13 август.