петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

44 казни за автобуси што вршат превоз на ученици, двајца возачи без лиценца

44 казни за автобуси што вршат превоз на ученици, двајца возачи без лиценца

Во текот на вчерашниот ден (15.02.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани две кривични дела по член 284-а од Кривичниот законик за возење без соодветна лиценца.

Констатирани се 44 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед било упатено 21 возило.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.