сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Николиќ: Ова е прв чекор за МЗТ во оваа сезона, имаме да оствариме уште две големи цели

Николиќ: Ова е прв чекор за МЗТ во оваа сезона, имаме да оствариме уште две големи цели

МЗТ Скопје го потврди статусот на фаворит и го совлада Феникс 2010 во финалето на Купот на Македонија.

„Штрковите“ славеа со 89:73 во СРЦ „Кале“, поточно дојдоа до 11 трофеј со што сега се на првото место по бројот на освоени пехари во ова натпреварување. Ова за клубот од Аеродром треба да биде дополнителна инспираци за тоа што следи во продолжението од сезоната каде екипата ќе проба да оставри две големи цели, да го одбрани пехарот во шампионатот и да обезбеди опстанок во АБА лигата.

-Немам зборови за ова финале, сакам да им се заблагодарам за сите на честа во Македонија. Феникс го направи финалето големо, одигра доста добар натпревар овој тим, беше убав и за публиката и за македонската кошарка. Горд сум на клубот, мојот стручен штаб, играчите на прво место, навивачите секако. И ова е само прв наш чекор во оваа сезона, имаме уште две големи цели да оствариме и би му посакал на секој, еден ден во животот да се чувствува како јас сега, -порача тренерот на МЗТ, Драган Николиќ за кого ова беше втор Куп трофеј во Македонија.