вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Драган Николиќ доби жестока казна од Федерацијата, ќе следи и отказ од МЗТ Скопје!

Драган Николиќ доби жестока казна од Федерацијата, ќе следи и отказ од МЗТ Скопје!

Драган Николиќ неславно ќе ја заврши својата кариера како тренер на МЗТ Скопје, откако српскиот стратег најпрвин не успеа да обезбеди опстанок во АБА1, за потоа апсолутно да се посрамоти со своето однесување на првиот плејоф меч со Кожув. За подсетување Николиќ турна противнички кошаркар кој беше тргнат во акција кон кошот на аеродромци, по што само поради прибраната реакција на членовите на двата тима не дојде до уште посериозен инцидент.

Поради оваа реакција Николиќ доби суспензија од огромни десет натпревари, што практично ќе значи дека Србинот нема да може да седи на клупата на МЗТ до крајот на овој плејоф.

Дисциплинецот Милојевиќ не покажа милост, апсолутно заслужено доделувајќи му ригорозна казна на стратегот на актуелниот првак, кој е познат по својот темперамент, но овојпат се надмина себеси со неспортскиот однос.

Неофицијално оваа казна ќе го означи и крајот на Николиќ како стратег на МЗТ Скопје. Негов наследник ќе биде Васко Атанасов, младиот стратег под чие водство МЗТ славеше сезонава на гостувањето против Сплит.

Се очекува овој стратег најпрвин да го води тимот до крајот на плејофот, а ако успее да ја оправда фаворитската улога и да стигне до титулата по што ќе остане на чело на МЗТ Скопје и за наредната натпреварувачка сезона.