Кошаркарската репрезентација на Македонија има дуели со Словачка и Норвешка во последниот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европското првенство кое е на програмата во 2025 година.
Нашиот национален состав сака да го заокружи овој циклус и да се пласира во наредната фаза, а за тоа е потребен еден добар резултат на овие гостувања.
Плејмејкерот Андреј Магдевски е подготвен да го даде својот максимум и се надева дека заедно како група ќе успеат да ја остварат зацртаната цел.
-Немаме многу време да се подготвиме,но како е за сите така е и за нас. Моментално најважно е сите играчи што играа на Купот да успеат да се опорават и да бидат спремни за претстојните два натпревари.Што се однесува на репрезентациите на Словачка и Норвешка, добро ги познаваме. Ќе се обидеме да ги искористиме нивните маани и да дојдеме до посакуваната цел, а тоа е преминување во наредна фаза од квалификациите. Атмосферата во тимот е на највисоко ниво и се надевам истата ке ја пренесеме и на теренот, -истакна Магдевски.