сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Лукаку: Вложив се што имав за тој финиш

Лукаку: Вложив се што имав за тој финиш

Ромелу Лукаку го постигна единствениот гол во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на „Џузепе Меаца“, каде Интер го совлада Порто. Белгиецот влезе од клупата и стана херој на „нераѕурите.

„Вложив сè во тој финиш. Сакавме да победиме, а можевме да постигнеме и втор гол. Сепак, најважна е победата да биде обезбедена.Важно е што победивме, не ми е толку важен индивидуалниот настап. Фокусот е да дадам се од себе за Интер. Среќен сум што Барела ми асистираше, затоа што тој е првиот човек што би го понел да војува со него“, рече Лукаку,

Овој погодок е само трет за белгискиот напаѓач оваа сезона, втор во четири дена.