четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетничка тешко повредена, била удрена од автомобил

Малолетничка тешко повредена, била удрена од автомобил

На 23.02.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, патничко возило „рено клио“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(68) од с.Горни Подлог, удрило во малолетничка од Кочани, информира МВР.

Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом во Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.