петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан ќе гради нов стадион

Милан ќе гради нов стадион

Фудбалскиот клуб Милан ќе го напушти „Сан Сиро“ на кој настапува од 1926 година и ќе гради нов стадион, пишува „Газета дело спорт“.

Двата тима од Милано, Интер и Милан, требаше заедно да започнат да градат нов стадион, градските власти го одобрија проектот за изградба, но сега Росонерите се откажаа од оваа идеја.

„Големата романса помеѓу Милан и „Сан Сиро“ заврши. Ќе останат прекрасни спомени, но Милан тргнува во друг правец, без Интер.

Клубот успеа да се врати на врвот на италијанскиот фудбал со освојувањето на титулата минатата година, а сега и сопствениците сакаат да го вратат на врвот на Европа. За тоа е потребен нов стадион и на кој ќе игра само Милан кој има јасна сопственичка структура и иднина, додека иднината на Интер е под знак прашалник. Милан сака да има свој стадион што ќе му носи приходи во текот на целата година, што е клучно за финансиската стабилност“, пишува „Газета“.