среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Повредени двајца малолетници: Едниот управувал со автомобил, направиле сообраќајка

Повредени двајца малолетници: Едниот управувал со автомобил, направиле сообраќајка

На 27.02.2023 во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Рашче, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од малолетник од с.Крушопек, скопско и патничко возило „ренџ ровер“, управувано од Х.И.(45) од с.Рашче, двете со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од с.Крушопек од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобил малолетниот возач, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.