понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трудници во Холандија земале вијагра, починаа 11 бебиња

Трудници во Холандија земале вијагра, починаа 11 бебиња

Прекинато е медицинското истражување во Холандија, откако починаа 11 новороденчиња, чии мајки земале вијагра во бременост, јави Би-Би-Си.

Бремените жени, кои учествувале во медицинско истражување во Холандија, земале таблети против импотенција, кои требало да го подобрат растот на нивните неродени бебиња, чии постелки биле недоволно развиени.

Локалните медиуми наведуваат дека лекот кој го поттикнува крвотокот по се изгледа предизвикал смртоносна штета на белите дробови на бебињата. Експерти изјавија дека е потребна детална истрага за да се сфати што точно се случило. Засега не постои индикација за кривично дело.

Претходните тестирања на вијагра за време на бременост спроведени во Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд не покажаа штетни ефекти врз бебето, но не покажале ни корист. Во 2010 година, научниците објавија дека лекот треба да се користи само при експерименти.

Ограничувањата во растот на плодот предизвикани од недоволно развиена постелка се сериозно прашање, за кое моментално нема лек. Поради оваа состојба, бебињата можат да бидат предвремено родени, со многу мала тежина и со мали шанси за преживување.

Холандското истражување, кое требаше да трае до 2020 година, беше спроведено во 11 болници низ целата земја. Вкупно 93 трудници земале силденафил (Вијагра), а 90 биле на плацебо. Дваесет новороденчиња страдале од белодробни проблеми, три од плацебо групата, а останатите од групата со Вијагра.

МИА