петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Нова мистерија: Во каква состојба е сега Шумахер?

Нова мистерија: Во каква состојба е сега Шумахер?

Еди Џордан, ирскиот бизнисмен за чиј тим возеше Михаел Шумахер, прв после долго време конкретно проговори за состојбата на легендарниот Германец.

Михаел Шумахер пред девет години имаше несреќа на скијање и оттогаш не е виден во јавноста. Долго време беше во кома, а за неговата здравствена состојба малку се знае, бидејќи неговото семејство на чело со сопругата Корина решило ништо да не открива во јавноста.

Сите се прашуваат како е Михаел Шумахер, дали е свесен или не, а на тоа прашање сега одговори и Еди Џордан.

Тој изјави дека „Шумахер е присутен, но не е присутен“, што секако ќе доведе до нова мистерија, бидејќи сега му е забрането и нему да го посетува Шумахер.