сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Данило потпиша нов договор со Јувентус

Данило потпиша нов договор со Јувентус
Torino 07/08/2020 - Champions League / Juventus-Lione / foto Image Sport nella foto: Danilo Luiz da Silva

31-годишниот бразилски бек на Јувентус , Данило, потпиша нов договор со клубот кој ќе го задржи во Торино најмалку до летото 2025 година.

По неговото пристигнување во Јувентус во август 2019 година, тој веднаш ја покажа својата наклонетост кон нашите бои“, напиша „старата дама“ на својот сајт по објавата на официјалната информација за негово останување.

Десниот бек на Јувентус му се приклучи на Јуве од Манчестер Сити во 2019 година во размена на договор со кој Жоао Кансело замина во спротивна насока. Пред тоа ги носеше дресовите на Реал Мадрид, Порто и Сантос.