сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Антиќ го продава дресот со кој стана европски првак, парите ќе ги донира за погодените од големиот земјотрес во Турција (ФОТО)

Антиќ го продава дресот со кој стана европски првак, парите ќе ги донира за погодените од големиот земјотрес во Турција (ФОТО)
ÅÕÑÙËÉÃÊÁ / ÔÅËÉÊÏÓ / ÖÅÍÅÑÌÐÁ×ÔÓÅ - ÏÓÖÐ / EUROLEAGUE / FINAL / FENERBAHCE - OLYMPIAKOS (LATO KLODIAN / Eurokinissi Sports)

Претседателот на Кошаркарската федерација и поранешен кошаркар Перо Антиќ, ќе се приклучи во хуманитарната акција за погодените од земјотресот кој го зафати југот на Турција.

Прославениот кошаркар своевремено беше дел и од турски Фенербахче, клуб со кој успеа да стане европски првак. Сега, Антиќ реши дресот кој го носеше во финалето против Олимпијакос да го стави на аукција, а парите добиени да ги донира во Турција.

Во оваа акција на Антиќ ќе му помогнат Волкан Демирел и Мелих Махмутоглу, со цел да се помогне на погодените делови од оваа земја.