понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Го победивме Јувентус, но уште мислам на поразот од Кремонезе

Мурињо: Го победивме Јувентус, но уште мислам на поразот од Кремонезе

Италијанскиот фудбалски тим Рома изминатиот вторник загуби од Кремонезе, на тимот кој се наоѓаше на дното му дозволи да ја забележи првата победа во Серија А, а синоќа волчицата со гол на Манчини го победи Јувентус со 1-0. Јувентус беше во одлична форма, со четири победи по ред, но Рома одигра максимално фокусирано и дојде до победата.

„Се уште сум тажен кога ќе помислам на мечот во Кремона и тешко ми е да го прифатам тоа“, вели Мурињо. „Кога играме како тим и фудбалерите даваат се од себе, можеме да дојдеме до резултат. Среќен сум за оваа победа, но се уште не сум го надминал перформансот во Кремона. Рома победи бидејќи фудбалерите беа подобро и дадоа 100 проценти на теренот. Не би рекол дека победивме поради тактичката организација, натпреварот беше добиен поради односот на фудбалерите на теренот“.

Рома сега се качи на четвртото место на табелата со исти бодови како и Милан но подобра гол разлика.

„Проблемот е што никогаш не знаете кога Рома ќе оствари резултат. Свесни сме за нашите ограничувања и се трудиме да ги сокриеме. Кога не сме сто проценти фокусирани, тогаш страдаме. На одредени мечеви можеме да направиме резултат, дури и против топ тимови“.