недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти за шансите за победа во Ла Лига: Нема сомнеж дека ќе се бориме до крај

Анчелоти за шансите за победа во Ла Лига: Нема сомнеж дека ќе се бориме до крај
ЕПА

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не се откажува од борбата за трофејот и покрај синоќешниот нерешен резултат на натпреварот против Бетис (0:0) во 24. коло од шампионатот на Шпанија.

– Се можеше да се направи подобро, нападот можеше да биде поефективен. Игравме добро во одбраната, добро се движевме меѓу редови, но ни недостигаше ефикасност. Понекогаш противникот се затвора, но ние имаме одредено ниво, мора да одиграме подобро. Повеќе ефикасност, помалку дриблинг, треба да играме посилно, можеби да шутираме од далечина. Треба да се подобриме, изјави Анчелоти по натпреварот.

Исто така, италијанскиот стручњак шпекулираше за шансите на Реал Мадрид да победи во Ла Лига.

– Да, можно е. Не е нереално. Многу е тешко, но нема сомнеж дека ќе се бориме до крај, додаде тој.

По овој натпревар, Реал Мадрид е втор во поредокот со 53 бодови, девет бода помалку од лидерот Барселона.