среда, 10. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ТРАГЕДИЈА: Едно лице почина, две се повредени во несреќа кај клучката Стенковец

ТРАГЕДИЈА: Едно лице почина, две се повредени во несреќа кај клучката Стенковец

На 07.03.2023 во 18:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во насока од Куманово кон Тетово, во близина на клучка Стенковец, товарно возило удрило во Б.Џ.(31) од с.Романовце, кумановско, Ш.Е.(34) и Р.Е.(30), двајцата од с.Танушевци, скопско, кои биле до паркирано товарно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, по што го напуштило местото.

На местото на несреќата починал Р.Е., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Со телесни повреди се здобиле Б.Џ. и Ш.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.